редефинира
Види и:
дефинира (св. и несв.)
редефинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 22205
1.
Дефинира повторно, одново, преформулира дадена дефиниција.
Примери:
Се редефинира односот на народот кон религијата.
Ги редефинираа основните поими.
2.
Поизмени, поизменува нешто во однос на смислата, даде подруга смисла.
Таа ја редефинираше целата своја теорија.
Слично со:
поизмени (св.)
3.
Повторно среди, средува, прераспореди, прераспоредува определен простор или дел од него.
Примери:
Архитектите го редефинираа просторот.
Декоратерите ја редефинираа спалната соба.
Изведенки
редефинирање ср.
глаг. им.
глаг. им.